Emel Öz
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Естонија една третина од воениот буџет го донира за Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Естонија во објавата на својот профил на Твитер напиша: „Естонија донира третина од својот воен буџет за да ѝ помогне на Украина да го врати суверенитетот и територијалниот интегритет.“
Во објавата, исто така, се наведува дека Естонија им пружа помош на жртвите од војната во Украина, вклучувајќи медицинска и психолошка помош, засолниште и други основни потреби.
На профилот на Твитер на естонското Министерство за надворешни работи, меѓу другото, е вклучен и графиконот на „Еуромејден прес“ за земјите кои од својот буџет за одбрана донираа за Украина.
Графиконот вклучува информации дека Украина досега добила 28 милијарди евра воена помош.