Şenhan Bolelli
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
МАДРИД (АА) – Шпанската воена баскиска националистичка и сепаратистичка организација (ЕТА), којашто 59 години се бори за независност на баскискиот регион во североисточниот дел на Шпанија и се наоѓа на листата на терористички организации на Европската Унија (ЕУ), утрово ја предаде листата со локациите од закопаното оружје и експлозиви на Француската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот координатор на комисијата, која се формираше за потврда на одлуката којашто ја соопшти ЕТА на 20.oктомври 2011 година, за трајно разоружување и прекин на оружаните активности, Рам Маникалингам, е лидер на медијаторската група за разоружување на организацијата.
Маникалингам даде изјава за медиумите без прифаќање на прашања во општина Бајона, во Франција, откако ја предаде листата на француската полиција.
Тој рече дека, листата со арсеналот на ЕТА ја преземал од преговарачот за мировниот процес, Жан Ноел Етчеври, кој пак е познат под прекарот „Txetx" и оти, веднаш им ја предал на француските власти.
Маникалингам нагласи дека понатамошниот процес зависи од француските власти и додаде: „ЕТА дада конструктивен чекор со разоружувањето. Ние како комисија нема да бидеме дел од понатамошниот процес на предавање на оружјето.“
За време на прес – конференцијата, покрај Маникалингам, присуствуваа градоначалникот на Бајона, Жан Рене Етчегарај, архиепоскопот на Болоња во Италина, Матео Зупи и поранешниот претседател на Методистичката протестантска црква во Ирска, свештеникот Харол Гуд.
Во меѓувреме, цивилните претставници на мировниот процес од баскискиот регион, Мајкал Тубиана и Миксел Берхокоиригоин дадоа изјава во којашто рекоа дека, во предадената листа стои дека, ЕТА има 8 фронтови на арсенал, каде што се наоѓаат 120 парчиња оружје и 3 тони експлозиви.
Од друга страна пак, беа организирани настани во Бајона, на повик на некои невладини организации, коишто го поддржуваат предавањето на оружјето на ЕТА.
ЕТА се формираше во 1958 година во Шпанија, а првиот свој оружан напад го изврши во 1961 година. Досега ЕТА се смета за одговорна за смртта на 858 лица.
Шпанската и Француската амбасада не влегоа во преговори со ЕТА во новиот мировен процес, при што изјавија дека бараат организацијата да се самоукине и целосно да исчезне.
Шпанија и Франција во последните седум години во заеднички операции фатија околу 140 членови на ЕТА.
Политичките партии и невладините организации од баскискиот регион на разоружувањето на ЕТА гледаат како „важен чекор“, додека пак, Шпанската влада се однесува претпазливо, при што внимава да не дојде во контакт со организацијата.
Здруженијата формирани од жртвите на териризмот пак сметаат дека, ЕТА треба да се разоружа, да не добие никакви привилегии од државата, виновните да бидат казнети и затворениците на ЕТА да не добијат никакви олеснувања.