Ömer Tuğrul Çam
15 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
БРИСЕЛ
Советот за надворешни работи на Европската унија преку видеоконференција одржа вонредна седница со која претседаваше високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на заседавањето на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ не е донесена заедничка одлука во врска со случувањата во источното Средоземје, а одлучено е дека Унијата ќе ѝ воведе санкции на Белорусија.
Според информациите од дипломатски извори на ЕУ, Грција и управата на Кипарските Грци барале да се осудат чекорите на Турција во источниот Медитеран, но за тоа не е донесена заедничка одлука.
Многу земји членки, вклучувајќи ја Германија и администрацијата на ЕУ не го подржале ваквиот предлог.
Борел по состанокот на социјалните мрежи објави дека се солидаризираат со Грција и Кипар и ја повика Турција на дијалог и намалување на напнатоста.
Истакна дека на состанокот е договорено на Белорусија да ѝ бидат воведени санкции поради насилното гушење на граѓанските протести против наводната изборна кражба и победа на претседателот Александар Лукашенко на претседателските избори.
ЕУ исто така, објави дека не ги признава резултатите од изборите, наведувајќи дека не биле „фер и слободни".