Ömer Tuğrul Çam
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) и Грција договорија заеднички план за формирање нов центар за прием на мигранти на островот Лезбос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Комисијата на ЕУ, страните денеска потпишале протокол за прашања како што се изградбата на центарот, начините на менаџирање со мигрантите кои доаѓаат на островот, правните процедури за азил и враќање, мерките за адаптација, условите за прифаќање во согласност со законите на ЕУ и обука на персоналот кој ќе работи во центарот.
Договорот од страна на Европската Унија (ЕУ) е опишан како важен чекор кон воспоставување нов сместувачки капацитет за мигрантите откако кампот „Мориа“ на островот Лезбос беше уништен во пожарот што се случи во септември.
Центарот се очекува да биде отворен до септември 2021 година.
Минатиот месец ЕУ и додели 121 милиони евра на Грција за воспоставување на три помали одделни центри за прием на островите Самос, Кос и Лерос.
И овие три центри се планира да бидат отворени до септември 2021 година.