Ata Ufuk Şeker
01 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
БРИСЕЛ (АА) – Земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се согласија околу прашањето да се стави крај на роаминг трошоците, без временско ограничување за претплатниците на мобилните оператори на овие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштеното, во разговорите на Европската Комисија, Европскиот парламент и Советот на Европа, почнувајќи од 15 јуни 2017 година, се согласиле околу прашањето за ставање крај на роаминг трошоците, без временско ограничување за претплатниците на мобилните оператори од 28 земји членки на ЕУ.
Овој постигнат договор ги определи целокупнуте цени, потребни за ставање крај на роаминг трошоците кои телекомуникациските компании од различни земји од Европа меѓусебно ќе ги применат.
Според овој договор, почнувајќи од 15 јуни 2017 година, мобилните оператори од различни земји од Европа ќе плаќаат нови цени за услугите, и тоа 3.2 центи за минута разговор и 1 цент за СМС порака.
Телекомуникациските компании меѓусебно ќе ги применат овие целокупни цени за користење на 1 гигабајт (GB) интернет: почнувајќи од 15 јуни 2017 година, 7,75 евра; од 2018 година, 6 евра; од 2019 година, 4,5 евра; од 2020 година, 3,5 евра; од 2021 година, 3 евра; од 2022 година, 2,5 евра.
Мобилните компании во Европа на овој начин ги определија целокупните цени кои меѓусебно ќе ги применат. Со постигнатиот договор меѓу властите на ЕУ не остана ниту една препрека за ставање крај на роаминг трошоците.
Со овој договор, претплатниците на мобилните оператори од која било која земја во текот на нивните патувања во другите земји членки на ЕУ, ќе можат да ги користат мобилните услуги на нивните оператори (разговори, СМС и интернет) без временско ограничување.