Melike Pala
21 Декември 2023•Ажурирај: 22 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека на Украина ѝ е исплатена последната транша од 1,5 милијарди евра, како дел од пакетот финансиска помош од 18 милијарди евра, јавува Анадолу.
Во објавата на нејзиниот профил на социјалната мрежа X во врска со помошта за Украина, Фон дер Лајен објави дека се исплатени последните 1,5 милијарди евра од финансиската помош од 18 милијарди евра за 2023 година.
Наведувајќи дека треба да се најде договор за да продолжи да ѝ ја дава потребната поддршка на Украина за „закрепнување, реконструкција и реформи“, Фон дер Лејен рече: „Ние сме со Украина, нашиот сосед, нашиот пријател и оној што сака членство.“
Унгарија стави вето на новиот пакет финансиска помош од ЕУ од 50 милијарди евра за Украина на Самитот на лидерите на ЕУ што се одржа на 14 и 15 декември во Брисел, главниот град на Белгија.
Се очекува прашањето за финансиската помош од 50 милијарди евра за Украина повторно да биде разгледано на вонреден самит што лидерите на ЕУ треба да го одржат на 1 февруари следната година.