Yusuf Hatip
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Односите меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ) се темелат на блиското партнерство, а двете страни ги извршуваат обврските кои следуваа со Договорот за мигранти, се порачува од Европската комисија (ЕК), пренесува Anadolu Agency (AA).
Помошничката на портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева на денешната прес-конференција во Брисел порача дека ЕУ придава големо значење на стратешката соработка со Турција на повеќе полиња, од безбедноста до миграциите.
Таа нагласи дека претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, разговарал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Турција и ЕУ ги извршуваат обврските во согласност со Договорот за мигранти. Сакаме тоа да продолжи и во иднина“, порача Андреева.