Selen Temizer
12 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) одобри дополнителни милијарда евра поддршка за Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на својот профил на Твитер истакна дека помошта што денеска ја одобри Советот ќе стигне до Украина овој месец.
Помошта е првиот дел од пакетот за макрофинансиска помош од 9 милијарди евра, предложен од Комисијата во мај.
Со тоа, вкупната помош на ЕУ за Украина од почетокот на војната ќе достигне 2,2 милијарди евра.
Првата сума од 1,2 милијарди евра беше соопштена неколку дена пред војната поради тензиите со Русија.