Ömer Tuğrul Çam
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, разговараше со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан и повика на прекин на огнот меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на социјалните мрежи, Мишел соопшти дека остварил телефонски разговор со Алијев и Пашинјан.
Истакнувајќи дека е длабоко загрижен од ескалацијата на тензиите во Нагорно Карабах, Мишел рече дека ја осудува употребата на насилство и дека треба итно да се прогласи прекин на огнот.
„Единствено решение се преговорите“, нагласи Мишел, додавајќи дека ја поддржува работата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и дека цивилите треба да бидат заштитени.