?????
06 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Министрите за надворешни работи на Европската унија, загрижени за приливот на мигранти кои доаѓаат низ Балканската рута, разговараат со своите колеги од регионот за најдобрите начини за заштита на границите, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради неможноста на Грција да ги контролира илјадниците мигранти кои доаѓаат од Турција, одредени земји од Европската унија сакаат да ѝ помогнат на Македонија со цел нивно сопирање на нејзината јужна граница, пред нивното влегување во Европската Шенген зона на слободно меѓугранично патување.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Зијарто изјави дека „доколку Грција не е подготвена или пак не може да ја заштити Шенген зоната и не прифаќа никаква помош од ЕУ тогаш потребна е друга одбранбена линија, која очигледно би била Македонија или Бугарија”.