Ekip
18 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
БРИСЕЛ
Европската Унија (ЕУ) денеска ја додаде Индонезија на нејзината листа дозволувајќи и неесенцијални патувања во Блокот, откако ги ревидира нејзините гранични ограничувања поврзани со Ковид-19, објави Советот на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според новите правила, кои важат од денеска, жителите од Аргентина, Австралија, Бахреин, Канада, Чиле, Колумбија, Индонезија, Јордан, Кувајт, Намибија, Нов Зеланд, Перу, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Тајван, Обединетите Арапски Емирати и Уругвај можат да влезат во ЕУ за неесенцијални патувања.
Истото важи и за кинеските граѓани, во случај Пекинг да им ги даде истите права на жителите на ЕУ.
Листата за патувања овозможува влез во 27 европски држави и земји од Шенген-зоната кои не се членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Но одлуката може да се смета само како препорака за владите на ЕУ кои можат да дозволат посетители од другите земји, само ако се целосно вакцинирани, како и да го ограничат влезот на оние од листата.
Листата се обновува на секои две недели.
Блокот воведе ограничувањата за патувања минатиот март за да го спречи ширењето на Ковид-19.