Ekip
03 Мај 2021•Ажурирај: 05 Мај 2021
БРИСЕЛ
Европската комисија предложи да им се овозможи патување во ЕУ на државјаните на земјите надвор од ЕУ, доколку се вакцинирани против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според предлогот, државите членки на ЕУ би требало да овозможат патувања во Блокот за луѓето што ги примиле вакцините кои ги одобри ЕУ најмалку 14 дена пред доаѓањето.
Моментално се одобрени Фајзер/Бајонтек, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон, додека Европската агенција за лекови (ЕМА) ја испитува руската вакцина „Спутник ве“.
Европската комисија очекува дека промените ќе бидат усвоени до крајот на мај, но би стапиле на сила штом државите на ЕУ ќе го применат дигиталниот зелен сертификат за своите граѓани. Се очекува дека уредбата за зелени сертификати ќе биде усвоена најрано во јуни.
Блокот минатиот месец одлучи да го ограничи влезот за државјаните од земјите што не се членки на ЕУ за да го запре ширењето на Ковид-19.
Моментално патувањата што не се итни се возможни за жителите на Австралија, Кина, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд, без оглед на нивниот вакцинален статус, поради добрата епидемиолошка ситуација во тие земји.
Европската комисија очекува таа листа да биде значително проширена во блиска иднина.
Тоа им овозможи на граѓаните надвор од ЕУ да влезат во Блокот дури и ако ја примиле втората вакцина или не се имунизирани, со важечки ПЦР-тест или карантин.
Европската комисија е одговорна само за предлагање на препораките за наметнување или укинување на ограничувањата за патување за граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ за да ги поттикне земјите членки на ЕУ да ги координираат своите акции.
Всушност, земјите од ЕУ можат слободно да одлучат за кого ќе ги отворат своите граници.