Kasım İleri
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Сенатот на САД го именуваше генерал Чарлс К. Браун Џуниор за Командант на воздухопловните сили. Со тоа, за првпат во историјата на оваа земја еден афроамерикански генерал стана командант на вооружените сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на САД Доналд Трамп кој го предложи генерал Браун за Командант на воздухопловните сили доби целосна поддршка од Сенатот. 98 сенатори го одобрија предлогот, немаше сенатори кои беа против именувањето на Браун.
Интересен е фактот дека именувањето на новиот командант доаѓа во период кога САД се соочува со големи протести поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше жртва на полициско насилство.
Генерал Браун пред именувањето на оваа функција ја извршуваше должноста Командант на индиско-пацифичките воздухопловни елементи на американските сили.
Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша „Сенатот го одобри мојот предлог генерал Чарлс Браун да биде именуван за Командант на воздухопловните сили на САД. Ова е историски ден за САД. Возбуден сум поради блиската соработка со генерал Браун, кој е голем патриот и лидер“.