Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Алепо, кој некогаш беше трговска престолнина на Сирија, од 2012 година до денес го напуштија 1,5 милион лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Судирите уништија поголем дел од градот кој веќе месец и половина се наоѓа под опсада на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и нивните сојузници.
Режимските сили веќе три години го ракетираат градот со различни типови на бомби. Уништени се пазари, болници, училишта, цели населби... Се претпоставува дека во градот во моментот се наоѓаат околу 300.000 цивили кои живеат меѓу урнатините и под постојан страв од воздушни напади.
Исмаил Мухамед живее во Фирдевс во Алепо. За АА изјави дека поради опсадата на градот имаат потешкотии во набавување на основни намирници.
„Не можеме да најдеме млеко, нема леб”, раскажа Мухамед, меѓутоа, не губи надеж дека опсадата наскоро ќе заврши.
Во местото Енсари во Алепо, кое е под контрола на опозицијата, живее Рами Мустафа. Според него, хуманитарната ситуација е многу лоша.
Мустафа раскажа дека секој ден се изложени на воздушни напади.