İdris Okuducu,Ali Mukarrem Garip
08 Февруари 2018•Ажурирај: 09 Февруари 2018
КИРКУК (AA) - Атентатите извршени во последниот период врз Туркмените во ирачкиот град Киркук, во последниот период привлекуваат посебно внимание. Деветнаесет Туркмени го загубија својот живот како резултат на оружени напади во период од четири месеци во подрачјето на Киркук, пишува Anadolu Agency (AA).
Од 16 октомври 2017 година досега, на различни датуми, извршени се атентати врз Туркмените во градот Киркук кој е богат со нафтени резерви. Она што нападите се извршени во вид на атентат, чии извршители не се идентификувани, почна да ги вознемирува Туркмените во градот.
Цел на овие напади се лицата кои имаат различни функции меѓу Туркмените, пред сè политичарите и професорите.

Нешет Бејатли, претседател на Здружението за човекови права на Ирак, кое врши дејности како една независна институција во Киркук, во изјава за Anadolu Agency (AA) истакна дека забележан е загрижувачки раст на жртви во атентати откако силите на Пешмерга при Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак, го напуштија градот на 16 октомври.
Бејатли вели дека Туркмените се сомневаат во секого поради тоа што нападите не се разјаснети, и додаде дека иако се фатени одредени лица по извршените 19 атентати, повеќето од убиствата остануваат без идентификуван напаѓач.
- Али Елмас планираше да биде заемник-гувернер -
Последната жртва од нападите извршени врз Туркмените во Киркук е Али Елмас, професор на Правниот факултет при Универзитетот во Киркук. Академикот Елмас минатиот вторник го загуби својот живот како резултат на оружениот напад врз неговото возило во центарот на градот Киркук.
Мухамед Ѓоккаја, близок пријател на Елмас, во изјава за АА нагласи дека младиот професор бил личност кој активно работел за неговиот народ.
Ѓоккаја раскажа дека Елмас бил татко на две деца, и дека е угледен човек меѓу Туркмените.
„По последните случувања во Киркук, планираше да биде заменик-гувернер. Имаше наклонетост кон Ирачкиот туркменски фронт. За жал, терористичките организации ги спречуваат Туркмените да дојдат на значајни позиции во Киркук“, рече тој.
- Зад атентатите стојат „мрачни сили“ -
Според туркменските политичари во Ирак, зад атентатите врз нив стојат, како што велат, „мрачни сили“, но, според нив, не е праведно директно да се обвинува некоја страна.
Според лидерот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC), Ершет Салихи, она што се случува во Киркук е резултат на предизборните конфликти помеѓу Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак и централната ирачка власт во Багдад.
Салихи во изјава за АА говореше за атентатите врз Туркмените. „Со атентатите сакаат да ги спречат Туркмените да остварат успех на изборите. Загрижени сме од зголемување на атентатите со приближување на изборите“, нагласи тој.
Истакнувајќи дека постои едно зближување меѓу централните ирачки власти и т.н Патриотски унија на Курдистан, кој ја држи доминацијата меѓу Курдите во Киркук, Салихи рече дека тоа е претворено во изборна зделка, и новите партнерства во владата, која ќе се формира по изборите, ги загрижуваат Туркмените.
- Постојат лица кои сакаат да поттикнат етнички судир -
„Постојат лица зад атентатите врз Туркмените, кои сакаат да предизвикаат етнички судири“, истакна Ајдин Маруф, пратеник од Ирачкиот туркменски фронт од Ербил во парламентот на Регионалната курдска управа во северен Ирак.
Маруф нагласи дека Туркмените се лесна цел бидејќи им недостига воена моќ, и не се во состојба да се бранат себеси.
Маруф нагласи дека по 16 октомври во Киркук има сериозен безбедносен јаз. „Централната власт на Ирак е одговорна за овие атентати, додека претходно одговорноста беше на курдските групи“, рече тој.
- Цел се оние кои го бранат туркменскиот идентитет -
Претседателот на Туркменската партија за развој, Мухамед Илханли, тврди дека атентатите би можеле да станат сè почести сè додека Туркмените во Киркук не станат креатори на сопствената безбедност.
Илханли нагласи дека цел на нападите се лицата кои го бранат туркменскиот идентитет во Киркук и Тел Афар, и тврди дека во тие подрачја постојат струи кои сакаат да создадат доминација особено на шиитските партии.
„Целта се нашите патриоти кои го бранат туркменскиот идентитет. Сакаат да ги уплашат и да ги ослабат позициите на Туркмените пред изборите. Моментално, милициските групи наводно ја осигуруваат безбедноста во Киркук и другите региони, но никој не може да ја осигура безбедноста освен државата. Тоа итно треба да се поправи, и осигурувањето на безбедноста да им се даде на Туркмените“, додаде Илханли.