Ekip
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
ПАРИЗ (AA) - Вооружено машко лице, кое од утрово држеше заложници во супермаркет во јужна Франција, ликвидирано е во текот на полициска акција за спасување заложници, рече Ивес Лефебре, функционер на Полициска унија на Франција. Од Министерството за внатрешни работи, соопштија дека во заложничката криза се убиени две лица, додека три лица се повредени, од кои едно е во тешка состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Францускиот премиер Едуард Филипе рече дека информациите со кои располага, говорат дека „би можело да се работи за терористички напад“.
Напаѓачот првин испукал шест куршуми на полицајците кои се враќале од трчање во близина на градот Каркасоне, денес (петок) во утринските часови. „Еден од напаѓачите е полесно ранет во рамо“, информирааа од полицијата.
Осомниченото лице потоа влегло во супермаркетот „Super U“ во градот Треб, каде што отворило оган, при што усмртило две и ранило три лица.
На местото на настанот се испратени Специјалните полициски единици, локалните патишта се блокирани, а на жителите им е советувано да останат во своите домови.
Од кабинетот на парискиот обвинител соопштија дека е отворена истрага, но не се наведени повеќе детали за причините. До овој потег дојде по непотврдените медиумски извештаи дека се работи за азилант, кој наводно е поврзан со ДЕАШ.
Франција се наоѓа во состојба на готовност по нападот на екстремистите во 2015 и 2016 година во кои се убиени повеќе од 200 лица.