Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ХЕБРОН (АА) - Израелските сили срушија три палестински куќи во близина на градот Хеброн, на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Јужно од Хеброн, во Мусафир Јати, срушени се три куќи откако станарите беа евакуирани.
Израелската страна тврди дека објектите кои се наоѓаа во зоната Ц немале градежна дозвола.
Според договорот од Осло, којшто Израел и Палестина го потпишаа во 1995 година, Западниот Брег е поделен на зони A, Б и Ц. За Палестинците е речиси невозможно да градат во зоната Ц.
Во источен Ерусалим, кој е под окупација на Израел, живеат околу 200.000, а на Западниот Брег околу 400.000 еврејски доселеници. Меѓународната заедница ги смета за илегални овие населби кои се наоѓаат на окупираната територија.