Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Hamdi Yıldız
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници застрелаа Палестинец на Западниот Брег, под изговор дека со автомобилот удрил и полесно повредил Израелец, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската војска, Авичај Андреј, изјави дека Палестинецот на јужниот Западен брег со автомобил налетал на еден Израелец.
Според неговите зборови, Палестинецот потоа наводно излегол од автомобилот и со нож нападнал израелски војник.
Израелскиот војник го неутрализирал.
Не се дадени податоци за здравствената состојба на ранетиот Палестинец. Очевидците тврдат дека израелските војници не дозволиле да му се помогне на ранетиот Палестинец.