Esat Fırat
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
КУДС
Израелските војници во текот на интервенцијата на протестите организирани против еврејските населби на окупираниот Западен Брег повредија десетици Палестинци, известува Агенција Анадолија (АА).
Протестите против еврејските населби организирани се во Бејта и Бејт Десин во Наблус и во Кафр Кадум во Калкилија.
Израелските сили во текот на интервенцијата користеле гумени куршуми и солзавец, а Палестинците возвраќале со фрлање камења.
Припадникот на турската Црвена полумесечина, Ахмед Џибрил, за АА изјави дека во текот на интервенцијата на израелските војници во Бејта, повредени се 21 лице, а десетици Палестинци ги почувствувале последиците од фрлениот солзавец.
Џибрил додаде дека еден Палестинец е погоден во окото и е префрлен во Државната болница „Рафедија“ во Наблус.
Слични протести се одржани и во Кафр Кадум во Калкилија. Во интервенцијата на израелските сили повредени се тројца Палестинци, а десетици ги почувствуваа последиците на фрлениот солзавец.
Новинската агенција ВАФА (WAFA) објави дека израелските војници во текот на интервенцијата по петочната молитва на муслиманите (џума намаз), во Кафр Кадум со гумени куршуми повредиле четворица Палестинци.
Според меѓународното право, сите еврејски населби изградени на окупираните палестински територии се сметаат за нелегални.