Beyza Binnur Dönmez
28 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Мировните преговори помеѓу Русија и Украина започнаа на белоруската граница, пет дена откако Москва ја започна воената операција против својот западен сосед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Делегацијата на Украина, која ја сочинуваат министерот за одбрана, шефот на партијата „Слуга на народот“ и заменик - министерот за надворешни работи, пристигнаа утринава во регионот Гомељ во Белорусија.
Руската делегација пристигна на местото на средбата вчера.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди воена интервенција во Украина минатиот четврток, неколку дена откако ја призна независноста на двете енклави кои ги држат сепаратистите во источна Украина.
Интервенцијата беше остро осудена од меѓународната заедница, а Европската Унија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) воведоа економски санкции против Москва.