Ahmet Dursun
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф, ја обвини администрацијата на Вашингтон за прекршување на правата на нејзините црномурести граѓани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Зариф на објава на Твитер го критикуваше тоа што црномурестата новинарка на иранската државна телевизија, Мерзије Хашими, која беше приведена во САД, била задржана во притвор сѐ до завршувањето на нејзиното испрашување во судот.
„Владата на САД треба да објасни поради кој ризик од бегство е принудено притворењето на Мерзије Хашими, која е новинарка и повозрасна жена, до завршувањето на процесот на давање изјава пред судската порта“, напиша Зариф.
Зариф во својата објава алудираше на убиството на Мартин Лутер Кинг, познатиот американски црномурест активист за човекови права. „И по 50 години од убиството на Мартин Лутер Кинг, САД ги прекршуваат државјанските права на црномурестите мажи и жени“, додаде тој.
Црномурестата новинарка со американско потекло на тв-каналот „Прес ТВ“ (Press TV), кој врши емитувања на англиски јазик при иранската државна телевизија, Мерзије Хашими, минатата недела беше приведена во Сент Луис, кој се наоѓа во американската сојузна држава Мисури, каде што била во семејна посета.
Во веста на „Прес ТВ“, врз основа на изјавите на блиските на оваа новинарка беше наведено дека Хашими била пренесена во центарот за притвор во Вашингтон од страна на ФБИ. Во истата вест се тврдеше дека за време на нејзиното приведување постоел обид за присилно отстранување на нејзиниот хиџаб, и дека таа била лишена од халал-храната во центарот за притвор.
Според документите на Регионалниот суд во Вашингтон ДК, Хашими била приведена во рамки на една истрага како материјален сведок.
Не постојат информации поради која истрага Хашими била приведена, а се вели дека таа ќе биде ослободена по нејзината изјава во судот.
Во американскиот правосуден систем, едно лице кое се смета дека поседува критични информации за резултатот на кој било судски проес, се нарекува материјален сведок, за кого може да се донесе одлука за приведување.
Министерството за надворешни работи на Иран упати апел до САД за итно и безусловно ослободување на Хашими. Врховниот совет за човекови права при ирансата судска власт упати апел до меѓународните организации за човекови права да направат чекори за ослободување на оваа новинарка.