Hamdi Yıldız
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
БЕЈРУТ
Министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф, истакна дека странските воени бродови на отворени води кај Бејрут им се закануваат на Либанците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зариф оствари посета на Бејрут, каде даде изјава за локална телевизија.
„Доколку либанскиот народ ќе дозволи оние кои не му посакуваат добро на Либан да шират несогласување, тогаш ќе се создадат стравови во врска со иднината на земјата“, рече Зариф.
Иранскиот министер нагласи дека Иран е подготвен да му помогне на Либан, а не да наметнува нешто.
Тој истакна дека не е нормално да има воени бродови на отворени води кај Либан.
„Странските воени бродови на отворени води кај Бејрут им се закануваат на Либанците како и на отпорот“, додаде тој.
Осврнувајќи се на експлозијата на пристаништето во Бејрут, Зариф рече дека истрагата во врска со оваа катастрофа треба да биде извршена од страна на Либан, и да биде предводена од либанската влада.