Jeyhun Aliyev
12 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
АНКАРА (АА) - Интензитетот на руското гранатирање се зголеми во североисточниот украински град Харков, изјави градоначалникот на градот, Ихор Тереков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Секој од вас (жителите на Харков) може да види дека интензитетот на гранатирањето се зголеми. Непријателот почна да го напаѓа Харков поинтензивно во текот на денот, значително проширувајќи го географскиот простор на бомбардирање“, рече Терехов во видеообраќањето до жителите на градот што го објави на Телеграм.
Тој истакна дека 47-от ден од војната на Русија во Украина се покажал како тежок за Харков.
Терехов рече дека станбените области повторно биле бомбардирани, истакнувајќи дека спасувачките тимови деактивирале муниција за одложена акција во градот.
„Има жртви како резултат на нападите“, рече тој, додавајќи дека во бомбардирањето загинало едно дете.
„Затоа, апелирам до вас повторно и повторно, ако е можно, останете во засолништата, во подрумите и метро станиците“, порача тој.
Понатаму рече дека донел одлука за продолжување на образовниот процес, додавајќи дека децата треба да ја завршат школската година.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна егзодус на светските компании од Русија.
Најмалку 1.842 цивили загинале, а 2.493 се повредени во Украина откако Русија ѝ објави војна на 24 февруари, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, над 4,5 милиони Украинци побегнале во други земји, а милиони се внатрешно раселени.