Bayram Altuğ
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
КИГАЛИ (АА) - Затворено единственото училиште поврзано со терористичката организација ФЕТО во источноафриканската земја Руанда, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинар на АА, министерот за здравство на Руанда, д-р Папиас Мусафири Малимба соопшти дека на 2 јуни, во петокот било затворено училиштето „Hope Academy“ (Академија надеж) на структурата ФЕТО во главниот град на Руанда, Кигали.
Министерот Малимба во своето официјално писмо до директорот на училиштето, Волкан Серткаја, дал инструкции да се преземат потребните мерки за прекинување на сите училишни активности, како и за затворање на истото училиште во петокот, имајќи ги предвид чувствителноста на турската страна како и интересите на државата Руанда.
„Hope Academy“ е единственото училиште во Руанда поврзано со ФЕТО, а беше отворено во 2012 година. Исто како и во другите африкански земји, ова училиште беше наменето за лица со високи приходи.
- АА соопшти дека се стеснува обрачот за ФЕТО во Руанда -
Затворањето на ова училиште веднаш по објавувањето на веста насловена „Се стеснува обрачот за ФЕТО во Руанда“, на 20 мај, од страна на АА привлече внимание.
Министерот за надворешни работи на Руанда, Луиз Машикивабо, претходно нагласи дека се подготвени за секаков вид соработка со Турција во борбата против ФЕТО. „Нема да им дозволиме да работат и да живеат тука“, истакна тој.
Машикивабо пренесе дека дипломатските односи со Турција се на напредно ниво. „Нашите врати се отворени за турскиот народ. Продолжува комуникацијата на оваа тема со турската Влада, како и со турската амбасада во Кигали. Во никoj случај нема да им дозволиме да работат и да живеат тука“, рече тој, истакнувајќи дека нема да покажат толеранција за каква било активност во земјата што е против Турција.
Министерот Машикивабо им се обрати на членовите на ФЕТО кои избегаа во Руанда: „Не можете да го кршите законот во Руанда. Не можеде да го прекршувате законот во Турција и да бегате и да се криете во Руанда. Нашиот став е многу цврст во врска со ова прашање и ова јасно ѝ го пренесовме на Турција. Руанда не е безбедна порта за засолнување на лицата кои ѝ прават штета на братската земја Турција“.
- „Руанда е подготвена за целосна соработка со Турција против ФЕТО“ -
Исто така, министерот за трговија и индустрија на Руанда, Франсоа Канимба, претходно нагласи дека се подготвени за целосна соработка со Турција, против членовите на оваа организација кои пребегале од Турција во Руанда, каде што вршат различни активности.
„Со Турција имаме цврсто и соодветно партнерство. Сакаме да ја продолжиме оваа соработка бидејќи нашите односи со Турција се во една мошне стратешка и клучна положба“ додал тој.