Elena Teslova
14 Март 2023•Ажурирај: 15 Март 2023
МОСКВА (АА) - Најмалку едно лице загина, а три се повредени во руски напад на украинскиот град Краматорск, соопшти претседателот на Украина, Владимир Зеленски, известува Анадолу.
„Краматорск. Руски проектил го погоди центарот на градот. Оштетени се шест висококатници. Најмалку три лица се повредени. Едно лице загина. Мое сочувство до семејството“, објави Владимир Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.
Зеленски додаде дека во тек е спасувачка акција.
Русија на 24 февруари минатата година започна „специјална воена операција“ во Украина. Оттогаш, според податоците на Обединетите нации, животот го загубија 8.000 цивили, а околу 13.300 се ранети.