Ruslan Rehimov
15 Април 2022•Ажурирај: 16 Април 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека во последните осум години во нападите на Русија загинале 14.000 Украинци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски преку видеопорака нагласи дека руската војна против Украина не започнала на 24 февруари, туку, според него, руската војска од 2014 година ја напаѓа Украина.
Украинскиот претседател рече дека Русите преку заземање на контролата врз Крим, ова место го претвориле во голема воена база, и дека Црното Море и Азовското Море станале најопасните мориња во светот.
„Во нашиот Донбас започнаа страшни војни кои немаат крај. Во текот на овие осум години убиваа наши луѓе. Во овој период загинаа 14.000 лица“, истакна Зеленски.
Тој нагласи дека Русија донела одлука да започне сеопфатна војна поради тоа што светот останува нем на тоа што ѝ се случува на Украина.