Davit Kachkachishvili
02 Февруари 2023•Ажурирај: 03 Февруари 2023
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека Руската армија ги интензивирала нападите во источна Украина, известува Анадолу.
Зеленски ѝ се обрати на нацијата со видеопорака која е снимена во текот на денот, споделувајќи ја на неговиот профил на Телеграм во текот на ноќта, во која дава оценка за случувањата во рамките на Руско-украинската војна.
Истакнувајќи дека Русија започна војна против неговата земја на 24 февруари, пред речиси една година, Зеленски рече дека Украинската армија продолжува да ја штити земјата.
Зборувајќи дека е забележана засилена мобилност на руските сили на истокот од неговата земја, Зеленски во видеопораката вели: „Напаѓачите ги зголемија нападите на фронтот во источниот дел од нашата земја. Ситуацијата станува сѐ потешка.“
Претседателот Зеленски во пораката упати апел до украинскиот народ да се обедини и да ги заштити државите интереси.