Elena Teslova
05 Март 2026•Ажурирај: 06 Март 2026
МОСКВА (АА) - Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, изјави дека мировните разговори со Русија засега се прекинати поради конфликтот во Иран, јавува Анадолу.
„Киев би бил подготвен да ги продолжи преговорите веднаш штом условите го дозволат тоа“, вели Зеленски, во видеосоопштение објавено на Телеграм.
„Засега, поради ситуацијата со Иран, сè уште не се добиени потребните сигнали за трилатерална средба. Но, штом безбедносната состојба и поширокиот политички контекст ни овозможат да ја продолжиме трилатералната дипломатска работа, тоа ќе биде сторено. Украина е подготвена за тоа“, изјави тој.
Зеленски упати благодарност и до украинската разузнавачка служба, Кабинетот на претседателот и до другите агенции вклучени во напорите за организирање на понатамошни размени на воени заробеници.
„Работиме на тоа да ги вратиме сите наши луѓе дома од руско заробеништво. Се надеваме на добри вести“, изјави тој.
Русија и Украина оваа година одржаа три рунди преговори, со посредништво на САД, две во Абу Даби и една во Женева.
Минатата недела, Зеленски навести дека следната рунда преговори би можеле да се одржат на почетокот на март, повторно во Обединетите Арапски Емирати. Сепак, ненадејниот американско-израелски напад врз Иран на 28 февруари ги наруши многуте планирани активности.