Gözde Bayar
29 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
АНКАРА (АА) - Европа мора да престане да слуша какви било изговори за Русија, изјави денес украинскиот претседател, Владимир Зеленски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи им се на данските пратеници преку видеолинк, Зеленски рече дека Москва има за цел целосно да го уништи нормалниот живот во Украина.
Тој нагласи дека се вршат воени злосторства и дека светот не ги спречува.
„Треба да се каже 'не' на руската нафта и руската енергија што е можно поскоро, бидејќи оваа зависност му дозволува на руското раководство да биде толку арогантно, да користи омраза против нашиот народ и да уништува животи во нашите соседни земји“, додаде тој.
Тој, исто така, повика на обединета блокада против сите руски бизниси, трговија и нафта.
Војната на Русија во Украина, што започна на 24 февруари, наиде на меѓународен гнев, а ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу останатите, воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Најмалку 1.151 цивил се убиени и 1.824 се повредени во Украина откако Русија започна војна со својот сосед на 24 февруари, според ОН, кои велат дека вистинската бројка е веројатно многу поголема.
Повеќе од 3,9 милиони Украинци побегнале во соседните земји, а уште милиони се раселени во земјата, според Агенцијата за бегалци на ОН.