Davit Kachkachishvili
27 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека продолжуваат жестоките судири во Донбас во војната со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски на социјалните мрежи објави видео-порака на која говореше за војната меѓу Русија и Украина.
Тој нагласи дека продолжуваат жестоки судири во населените места во подрачјата на Доњецк и Луганск, во украинскиот регион Донбас. „Состојбата таму е тешка и болна“, додаде тој.
Претседателот на Украина истакна дека и покрај интензивните напади, руската војска не може да напредува во овие подрачја.
Зеленски упати благодарност до одбранбените сили на Украина за извршената борба против руските сили.
Според него, продолжуваат прекините на електрична енергија во земјата поради штетата предизвикана во енергетските инфраструктури како резултат на нападите на руските сили.
Тој истакна дека во тек е поправката на енергетските објекти во земјата.
Зеленски рече дека постои можност руската војска во наредните денови повторно да изврши ракетни напади кон неговата земја.
„Се подготвуваат воздушноодбранбените системи, државата се подготвува, секој треба да се подготви. Ве молам обрнете внимание на сирените“, порача украинскиот претседател Зеленски.