Ata Ufuk Şeker
15 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
БРИСЕЛ (АА) - Во 2019 година 706.400 луѓе се здобиле со државјанство на една од 27-те земји членки на Европската Унија (ЕУ), објави Евростат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Евростат, меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу државјанства доделила Германија, 132.000 државјанства, по која следуваат Италија со 127.000 државјанства, Франција со 109.800 државјанства, Шпанија со 99.000 државјанства и Шведска со 64.200 државјанства.
Осумдесет и седум отсто од вкупната бројка на лица што во 2019 година добиле државјанство на земјите членки на ЕУ се државјани на земји кои не се членки на ЕУ или се без државјанство.
Најголемата група што се стекнала со државјанство на една од земјите членки на ЕУ во 2019 година, според земјата на живеење, е групата на државјаните на Мароко (66.800 луѓе).
Следуваат Албанија (41.700), Велика Британија (29.800), Сирија (29.100), Турција (28.600), Бразил (23.500), Украина (18.100), Алжир (18.000) и Русија (16.400).
Податоците на Евростат покажуваат дека Романците (26.600), Полјаците (12.600) и Италијанците (8.700) се трите најголеми групи граѓани на ЕУ што се здобиле со државјанство на друга земја членка на Блокот.