Emel Öz
02 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
АНКАРА
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени го потресе подрачјето Папуа во Индонезија, известува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за геолошки истражувања на САД објави дека земјотресот со интензитет од 5,9 степени бил почувствуван 180 километри североисточно од индонезискиот град Туал.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, а според првичните информации, нема настрадани или повредени.
По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.