Muhammet Kurşun
24 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
ТЕХЕРАН
Во северниот дел на Иран, покраината Казвин ја потресе земјотрес со интензитет од 5,4 степени, известува Агенција Анадолија (АА).
Сеизмолошкиот центар на Универзитетот „Техеран“ објави дека епицентарот на земјотресот бил во местото Бујин Зехра, во 15:04 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви или за причинета материјална штета од земјотресот.