İdris Sülün
18 Август 2022•Ажурирај: 19 Август 2022
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди централниот дел на Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Во соопштението се вели дека покраината Северен Сулавеси која се наоѓа во централниот дел на Индонезија, била погодена од земјотрес со јачина од 5,7 степени.
Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 47 километри југоисточно од Јужен Боланг Монгондоу.
Како што се истакнува во соопштението, земјотресот со јачина од 5,7 степени се случил на длабочина од 155 километри.
Во соопштението се нагласува дека веројатноста земјотресот да предизвика цунами е мала.