Murat Karadağ
18 Април 2023•Ажурирај: 20 Април 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала го потресе јужниот дел на островот Фиџи во јужниот Пацифик, известува Анадолу.
Американскиот геолошки завод објави дека епицентарот на земјотресот бил 471 километар јужно од градот Сува.
Според првичните информации, во земјотресот со интензитет од 6,6 степени, кој бил на длабочина од 562 километра, нема човечки жртви ниту е причинета материјална штета.
По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.