Emre Karaca
26 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја потресе централноамериканската земја Панама, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени бил на 5 километри југоисточно од подрачјето на Асерио де Гариче, кое се наоѓа во западниот дел на земјата, на длабочина од 10 километри.
Во соопштението се наведува дека засега нема информаци дали има човечки жртви или повредени во земјотресот.