Ekipa
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ТОКИО (АА) - Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди денес јужниот дел на Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот е регистриран во 21:26 часот и дека епицентарот бил во перфектурата Кумамото.
Агенцијата, исто така, соопшти дека нема опасности од цунами.
Податоци за жртвите или за настанатата материјална штета нема.