Ahmet Furkan Mercan
22 Јануари 2022•Ажурирај: 23 Јануари 2022
Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија, при што се повредени 9 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија на Јапонија.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води кај подрачјето на Кјушу, во морето Хјуга-нада.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 6,6 степени се случил во 1:08 часот по локално време, на длабочина од 45 километри.
Земјотресот бил силно почувствуван во префектурите Оита, Мијазаки, Кочи и Кумамото.
Во земјотресот повредени се 9 лица, од кои 5 во Оита и 4 во Мијазаки.
По земјотресот не беше даден аларм за цунами.
Поради земјотресот настана прекин на електричната енергија и водоводот во некои градови.