Safvan Allahverdi
03 Јануари 2019•Ажурирај: 04 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Илхан Омар, американска политичарка - муслиманка, со потекло од Сомалија, која на делумните избори во САД во Преставничкиот дом на американскиот Конгрес ја претставува сојузната држава Минесота, само неколку часа пред церемонијата на положување на свечена заклетва постираше интересни информации од неговото минато.
Омар во политичиката историја на САД, е првата политичарка муслиманка со шамија која е избрана во американскиот Конгрес.
Таа на својот твитер профил, споделувајќи фотографија со својот татко од аеродромот во Вашингтон, напиша: „Пред 23 години, јас и татко ми, слетавме во аеродромот во Вашингтон пристигнувајќи од бегалскиот камп во Кенија. Денес, како прва Сомали-Американка, слетав на истиот аеродром за да положам свечена заклетва во американскиот Конгресот“.
Омар 4 години живеела во бегалските кампови во Кенија. Во САД се преселила на 12 години, а на делумните избори во сојузната држава Минесота со огромна разлика ја победи републиканката Џенифер Зиелински.

- Официјално со работа започнува 116 состав на американскиот Конгрес
Победниците на делумните избори во САД одржани на 6 неомври, меѓу кои се наоѓа и Рашида Тлаиб, муслиманкаод палестинско потекло, избрана е во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес од сојузната држава Мичиген. Омар и членовите на Сенатот, денес во Конгресот ќе пологаат свечена заклетва.
Според информациите во американските медиуми, Тлаиб и Омар, ќе ја положат свечена заклетва со Куран, преведен на англиски во 1734 година, кој му припаѓал на Томас Џеферсон, еден од основачите на САД и нејзин трет претседател.
Американските политичари по положување на свечената заклетва и официјално ќе ја започнат својата должност во 116 состав на Американскиот конгрес.