Zehra Ulucak
07 Декември 2015•Ажурирај: 08 Декември 2015
КАРАКАС (АА) - Најсилната опозициска партија Унија на демократското единство (MUD) на вчерашните парламентарни избори во Венецуела избори историска победа и после 17 години социјалистите ќе бидат опозиција во парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според непотполните прелиминарни резултати кои Врховната изборна комисија ги објави, опозициската МУД освои 99, а владеачката Социјалистичка партија (PSUV) доби 46 застапнички места во парламентот кој брои вкупно 167 места. Со пребројување на останатите гласови ќе биде познато и на кого ќе му припаднат преостанатите 22 пратенички места, но веќе е јасно дека MUD ќе има парламентарно мнозинство.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го призна изборниот пораз и порача дека не победила опозицијата туку ,,контрареволуцијата".
Од друга страна, опозицискиот лидер Енрике Каприлес порача дека Мадуро не сватил што се случува во Венецуела, ниту што е пораката на гласачите.
На претходните избори одржани 2010 година, Социјалистичката партија доби 98, а опозицијата 64 пратенички места.