Hakan Çopur
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Дара Косровшахи, главниот извршен директор на американската компанија „Убер", чиј петти најголем акционер е Саудиска Арабија, првин истакна дека убиството на Џамал Кашоги е „сериозна грешка", а потоа нагласи дека се кае поради искажаните зборови, пренесува Anadolu Agency (AA).
На програмата „Axios on HBO“ емитува на американскиот канал „HBO" настана дебата поради коментарите на гостинот на програмата, Косровшахи, во врска со Кашоги.
„Тоа беше сериозна грешка. И ние правиме грешки. На пример направивме гешка во врска со беспилотните возило, и потоа го запревме тоа. Луѓето грешат но тоа не мора да значи дека на нив не може да им се прости“, рече Косровшахи во врска со убиството на Кашоги.
Кратко време по оваа емисија на „HBO", Косровшахи испрати објаснување на интернет страницата Axios, каде нагласи дека се кае поради зборовите кои ги искажал претходно.
„Во тој момент кажав нешто во што не верувам. Што се однесува до Џамал Кашоги, неговото убиство беше осудувано и е нешто што не може да се прости“, нагласи Косровшахи.
Компанијата „Убер" чиј еден од најголемите инвеститори е администрацијата на Саудиска Арабија, одвреме навреме беше критикувана по убиството на Кашоги поради нејзините врски со Саудиска Арабија.