Qais Omar Darwesh Omar,Mustafa M. M. Haboush
04 Ноември 2023•Ажурирај: 05 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Израелски авиони го бомбардираа електричниот генератор во болницата Ал Вафа во градот Газа.
Во раните утрински часови израелски борбени авиони го погодија генераторот и соларните панели на болницата за постари лица и медицинска рехабилитација, известува дописникот на Анадолу.
Израелското бомбардирањето резултираше со избивање пожар во дворот на болницата, кој по неколку часа го изгаснаа тимовите на цивилната одбрана.
Израелските воздушни напади предизвикаа голема штета и на соларниот ситем на болницата, што доведе до прекин на струјата во објектот.
Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници во Појасот Газа, кој се под немилосрдни напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.
Во судирите меѓу Израел и Хамас убиени се повеќе од 10.700 луѓе, од кои најмалку 9.277 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.