ekipa
12 Мај 2021•Ажурирај: 13 Мај 2021
ГАЗА
Израел го одби предлогот на ОН за прекин на огнот, информираше извор од Палестина утринава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изворот, кој претпочиташе да остане анонимен, за АА изјави дека специјалниот координатор на Обединетите нации за мировниот процес на Блискиот Исток, Тор Венесленд, доставил до Израел и Хамас предлог за „непосреден“ прекин на огнот, но дека Тел Авив го одбил.
Во врска со позицијата на Хамас за предлогот, изворот рече дека Движењето не одговорило на предлогот поради израелското одбивање.
Изворот додаде дека Венесленд побарал двете страни веднаш да прекинат со огнот, а дека во спротивно работите ќе одат „кон сеопфатна војна“.
Израелското насилство во градот Ерусалим предизвика избувнување на последната офанзива врз Појасот Газа, што започна во понеделникот вечерта.
Според палестинското Министерство за здравство, бројот на загинати Палестинци убиени од израелските удари се искачи на 35 лица. Најмалку 220 се повредени.
Во ракетните напади на Хамас се убиени и петмина Израелци, а 45 се повредени.
Тензиите се зголемуваат уште од минатата недела откако израелскиот суд нареди иселување на палестинските семејства од населбата Шеик Џарах во Источен Ерусалим.