Ikrame Imane Kouachi
12 Октомври 2023•Ажурирај: 13 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Израел денес изврши напади врз сирискиот главен град Дамаск и градот Алепо, гаѓајќи ги нивните аеродроми, пренесува Анадолу.
„Во израелски напад денес беа гаѓани главните аеродроми во главниот град Дамаск и северниот град Алепо“, објави весникот „Хаарец“.
Израелската армија го потврди бомбардирањето на двата аеродрома во истовремени напади, според израелскиот Канал 12.
„Шам ФМ“ објави дека како одговор на нападот била активирана сириската воздушна одбрана.
Во нападите нема повредени.