Qais Omar Darwesh Omar,Hacer Başer
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
РАМАЛА (АА) - Израелските сили срушија куќа на палестински затвореник во окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидците, израелските војници во утринските часови извршиле рација во градот Турмусаја, северно од Рамала.
Војниците ја уништиле двокатната куќа на 44-годишниот палестински затвореник Мунтасир Шелби во која живееше неговото семејство.
На реакцијата на локалното население кое се противело на уривањето на куќата, израелските сили интервенирале користејќи солзавец, вистински и гумени куршуми.
Мунтасир Шелби, кој има и државјанство на САД, е обвинет дека е сторител на инцидентот од 2 мај, во кој почина еден еврејски доселеник, а двајца беа повредени.
Шелби беше приведен од израелските сили на 6 мај.