Aness Suheil Barghoti
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските безбедносни сили денес им го забранија влезот на муслиманите во комплексот на џамијата Ал-Акса во Ерусалим, а го одобрија влегувањето во комплексот за еврејските доселеници, меѓу кои и шефот на израелската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Рано утрово, израелската полиција го забрани влезот во Ал-Акса за муслиманите на возраст до 40 години, а потоа го забранија влезот за сите муслимани“, соопшти Азам ал-Катиб, одговорен за работите за џамијата Ал Акса.
Катиб, исто така, рече дека на групата радикални еврејски доселеници им било дозволено во придружба на шефот на израелската полиција, Јурам Леви, да влезат во комплексот Ал-Акса и да ја одбележат годишнината од убиството на еден доселеник.
Израелската полиција подоцна го отвори влезот во Ал-Акса, откако комплексот го напушти шефот на полицијата.