Mustafa Deveci
09 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили го урнаа домот на палестинско семејство со 8 деца, што живеат во окупираниот Источен Ерусалим, со образложение дека немале „дозвола“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локални извори, израелските општински екипи, кои пристигнале во населбата Силван во Источен Ерусалим, со градежни машини ја урнале куќата на Ајше Хиџази, која била изградена пред 6 години.
Семејството Хиџази со 8 деца, чија куќа беше урната од Израел со образложение дека немале „дозвола“, остана на улица само со неколку предмети што можеше да ги извади од куќата.
Се наведува дека израелските власти испратиле „наредба за уривање“ до семејството Хиџази пред околу 6 месеци, но бидејќи финансиската состојба на семејството не била добра, тие не можеле да ангажираат адвокат и да се појават пред судот.
- Уривањата на Израел во Источен Ерусалим -
Израелските власти создадоа тешкотии за издавањето дозволи за градба на Палестинците и уриваат илјадници куќи на Палестинците, со образложение дека немаат „дозвола“ за градба.
Палестинците, истакнувајќи дека израелската општина нема никаква правна основа за уривање на куќите, посочија дека тоа е дел од политиката на Израел за заплашување и јудаизам.
Израелската општина честопати ги наплатува трошоците за уривање од луѓето чија куќа е уништена.
Палестински извори соопштија дека од 1967 година над 5.000 палестински куќи во Источен Ерусалим биле урнати од израелските сили.