Kaamil Ahmed
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел вчера отворено даде сигнал дека е расположен повторно да ги отвори блокираните мировни преговори, користејќи ги социјалните медиуми ги повика Палестинците да го сторат истото, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелското министерство за надворешни работи на својот профил на Твитер упати порака директно до Палестинската Ослободителна Организација (ПОО) во врска со преговорите, „топката е во вашиот двор”.
Пораката дојде по изјавата на Нетанјаху во понеделникот дека „неговиот распоред е ослободен” мислејќи на палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој во интервју за израелската телевизија Канал 2 минатата недела рече дека ќе се придружи кон мировните преговори доколку биде поканет од Нетанјаху.
Твитот поттикна кратко разменување на твитер пораки помеѓу двете институции, со прашање од ПОО за што поточно сака Израел да преговара на што министерството за надворешни работи праша дали прашањето на ПОО е изговор за избегнување на преговорите.
Израел претходно инсистираше дека ќе се приклучи кон преговорите без предуслови, но Нетанјаху оваа недела рече дека Палестинците првин мора да завршат со наводните провокации, кои како што тврди Израел, поттикнуваат насилство против своите граѓани.
„За да успеат било кои преговори треба да се имплементираат потпишаните договори: Да завршат активностите на доселување како и ослободување на затворениците”, рече генералниот секретар на ПОО, Саеб Ерекат, преку порака на официјалниот профил на Твитер од дипломатскиот оддел на ПОО.
Мировните преговори се прекинати во 2014 година кога Израел се спротивстави на преговорите за владата на национално единство помеѓу ПОО и Хамас.
Од месец јануари, Франција раководи со иницијативата за оживување на мировниот процес. Додека Израел беше отворено скептичен во врска со иницијативата, ПОО ја поздрави секоја интервенција што ќе помогне во создавањето Палестинска држава која ќе се базира на границите пред израелската окупација на Западниот Брег и Газа во 1967 година.