Ekipa
11 Август 2017•Ажурирај: 11 Август 2017
ГАЗА (АА) - Израелските поморски сили во поморската област на Газа уапсија двајца палестински рибари, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Сојузот на палестинските рибари во Газа, Низар Ајас, за АА рече дека припадници на израелските поморски сили ги уапсиле браќата Садам и Удеј Султан и им го заплениле чамецот.
Браќата се приведени додека рибареле, на шест милји од брегот на Бејт Лахија, во северниот дел на Газа.
Израелската армија не објави соопштение за апсењето на рибарите.
Според договорот постигнат во август 2014 година, меѓу Израел и палестинските групи, границата на ловната област е одредена на шест наутички милји.
Израелската администрација во април 2016 година им дозволи на рибарите од Газа областа за лов да биде проширена од шест на девет милји.
Сепак, во јуни минатата година, линијата повторно се врати на шест милји.
Израелската страна неодамна повторно го зголеми просторот за лов на девет милји.