Ikrame Imane Kouachi
15 Декември 2023•Ажурирај: 15 Декември 2023
ГАЗА (АА) – Најмалку еден израелски војник загина, а четворица се тешко повредени во судирите со палестинските фракции на отпорот на југот и северот на Појасот Газа, соопшти денес израелската армија, пренесува Анадолу.
„Наредникот Оз Шмуел Ерди (19), војник во 603. Инженерски баталјон, загина во битка во јужниот дел на Појасот Газа“, објави Израелската радиодифузна корпорација, цитирајќи изјава на израелската армија.
„Офицер во бригадата Голани и војник од резервните сили во Инженерскиот баталјон се тешко повредени за време на борбите во северниот дел на Појасот Газа“, додаде Армијата.
Оттаму се наведува дека во борбите во јужниот дел на Појасот Газа, резервен офицер и резервен војник од Баталјонот 2855 се тешко повредени.
Израелската армија не го прецизираше датумот или точната локација на овие борби.
Вчера израелската армија објави дека осум војници се тешко повредени за време на борбите на југот и северот на Појасот Газа.
Израелската армија истиот ден соопшти дека 29 офицери и војници се повредени во борбите во Газа во претходните 24 часа.
Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Досега во израелските напади врз Газа загинати се најмалку 18.787 Палестинци, а 50.897 се повредени, според податоците на здравствените власти на Газа.
Според официјални податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200, а 135 заложници сè уште се држат од палестинските групи во Газа.